Изградбата на семејни куќи поскапе за речиси една третина во споредба со 2021 година

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во третото тримесечје од 2026 година се зголемени за 5,1 отсто во однос на истиот период лани. Најголем годишен раст од 8,2 отсто бележат трошоците за вработените, додека трошоците за градежни материјали се повисоки за 3,6 отсто, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во периодот од јули до септември 2026 година, вкупните трошоци за градење нови објекти за индивидуално домување забележаа квартален пораст од 1,5 отсто во споредба со второто тримесечје од годината. И во тримесечната споредба поголем притисок доаѓа од цената на трудот, при што трошоците за вработените пораснале за 2,8 отсто, а трошоците за материјали за 0,8 отсто.

Податоците за првите девет месеци од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, покажуваат кумулативен раст на вкупните градежни трошоци за индивидуални куќи од 3,2 отсто. Во овој деветмесечен период издатоците за вработените се зголемени за 6,5 отсто, додека материјалите поскапеле за 1,7 отсто.

Споредбата со базната 2021 година го отсликува повеќегодишниот скок на цените во овој сегмент од градежништвото. Во третиот квартал од 2026 година, вкупните трошоци за изградба на нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 31,6 отсто во однос на просекот од 2021 година.

Во истиот петгодишен период, трошоците за вработените во индивидуалната станбена изградба пораснале за 69,2 отсто, а трошоците за градежни материјали се зголемени за 18,7 отсто.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?