Панда избега од зоолошката во Љубљана, ја најдоа пред факултет

Црвената панда Пјара утрово ја напуштила својата ограда во Зоолошката градина во Љубљана и стигнала до Факултетот за хемија и хемиска технологија, оддалечен околу 400 метри. Прв ја забележал рецепционерот пред главниот влез.

Од факултетот за Н1 Словенија објасниле дека веднаш ги известиле полицијата и зоолошката градина. Додека ги чекале негувателите, вработените ја насочиле пандата во просторот за велосипеди, каде што останала до нивното пристигнување.

Пјара била безбедно вратена во зоолошката и прегледана од ветеринар. Прегледот покажал дека е здрава и неповредена.

„Сега веќе мирно одмора на сигурно во својата ограда“, соопштиле од зоолошката, заблагодарувајќи им се на сите што помогнале во нејзиното пронаоѓање и враќање.

За вработените на факултетот, утринската средба била несекојдневно искуство. Како што изјавиле за Н1, вакви посетители навистина немаат секој ден.

Пјара е меѓу поновите жители на љубљанската зоолошка. Родена е на 4 јули 2025 година во францускиот парк „Ле Тер де Нате“, а во Љубљана пристигнала на 26 септември годинава. Оградата ја дели со мажјакот Магу, кој таму живее од 2013 година.

Црвените панди се загрозен вид, а Зоолошката градина во Љубљана учествува во активности за нивно зачувување и ја поддржува организацијата „Red Panda Network“.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?