Уставен суд го укина колективниот договор за култура со одложено дејство до април 2027 година, дознава Рацин.мк од свои извори. Одлуката е споделена и со вработените во Национална опера и балет.
Уставниот суд за денешната седница го стави на дневен ред предметот во кој се оспорени Колективниот договор за култура и членот 78-љ од Законот за културата. Во пресрет на седницата, Судот соопшти дека предметот е во фаза на гласање.
Синдикатот на културата на Република Македонија за денеска повика на протест пред Уставниот суд под пораката „Културата има права“. Синдикатот претходно побара одлучувањето да се одложи додека на неговите претставници им се овозможи да ги изложат своите аргументи пред Судот.
