Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Армиите на Пакистан и Иран најавија заедничка борба против тероризмот на нивните граници

Армиите на Пакистан и Иран се согласија да соработуваат и да споделуваат информации за преземање „ефективни акции“ за да се спречат нападите на сепаратистичките вооружени групи на нивните граници, објавија денеска пакистанските власти.

Договор на највисоките воени претставници е постигнат за време на посетата на началникот на пакистанската армија генерал Асим Мунир на Техеран во текот на викендот.

Мунир отпатува во дводневна посета на Техеран, бидејќи е зголемен бројот на напади во пакистанската југозападна провинција Белучистан, која граничи со Авганистан и Иран.

Односите меѓу Иран и Пакистан имаа подеми и падови во последниве години поради прекуграничните напади на пакистанските вооружени групи. 

Најново