Еврокомесарoт за проширување Оливер Вархеји денеска на својот твитер-налог објави дека со премиерите на Албанија, Србија, Северна Македонија и на Црна Гора разговарал за новата стратегија за раст за Западен Балкан.
„Посветени сме на брзо спроведување на овој план за конвергенција“, напиша Вархеји на Твитер.
Тој додаде дека на покана на албанскиот премиер Еди Рама допатувал во Тирана каде разговарале за забрзување на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија.
Претходно, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека денеска во Тирана разговарале за темите во насока на подготовка на состанокот на Берлинскиот процес којшто ќе се одржи во октомври тука во Тирана, бидејќи оваа година Албанија претседава со Берлинскиот процес.
Клучни теми за кои разговарале е планот на ЕУ за забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан, којшто се потпира на неколку основни столбови а тоа е прво, побрзо приближување на земјите од Западен Балкан до заедничкиот пазар на ЕУ. Второ е зголемување на фондовите за финансирање на важни регионални проекти. Трета тема била зголемување на економската соработка и интеграција меѓу земјите од Западен Балкан и четврто забрзување на клучните реформи во секоја од државите, соопшти владината прес-служба.
Г. Т.