Центарот Лох Нес во Шкотска бара „идни трагачи по чудовишта“ и доброволци да се придружат на најголемата потрага по Неси, што ќе се одржи на 26 и 27 август.
Планирано е тоа да биде најголема потрага од 1972 години, кога Бирото за истражување на Лох Нес во езерото бараше знаци на постоење на џиновското митско животно.
Центарот Лох Нес соопшти дека нивниот тим ќе распореди дронови опремени со камери кои ќе можат од воздух да прават термички слики во водата. Исто рака ќе користат и хидрофон за детектирање на акустични сигнали под вода. Доброволците ќе бидат задолжени да внимаваат на движењето на водата.
Седиштето на Центарот Лох Нес е во стариот хотел Друмнадрохит каде во 1933 година менаџерката Алди Мекеј пријавила дека видел „водено чудовиште“ во најголемото и едно од најдлабоките езера во Велика Британија. Таа приказна предизвика светска фасцинација од чудовиштето и потрагата по него, и беше инспирација за измами и стотици извештаи на очевидци. Низ годините беа понудени голем број теории или објаснувања, вклучително и дека животното можеби е некаков преживеан праисториски воден рептил „Плесиосаурус“, џиновска јагула или дури и циркуски слон кој плива. (МИА)