Многу народи паѓале во хистерии и психози, но во пософистицирани варијанти и во поинакви околности. Но, сите завршувале трагично. Без исклучок.
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Пропагандата на вмро е тотална и тоталитарна, агресивна до над нивото на злосторство кон јавноста и општото добро, во примитивноста го следи нивото на лидерот по телевизиите и Горското началство на идиотите, валкана е како најдолната улична трговија со дрога, лагата и смета со огромна ограниченост и глупост на оние на кои им е наменета, вулгарна е без трунка стил и смисла, гола вулгарност отпечатена од ботови, со други зборови тоа не е пропаганда тоа е поплава од ментална свињарија во која идејата не е луѓето политички да се ориентираат во некоја насока, туку да ги снема како луѓе, како мислечки битија, да се претворат во глина која на вморонското колце ќе се обликува во брдаци или тави за турли тави.
Тоа е суперќелиска олуја на неразумот.
Тие се однесуваат кон Македонија милион пати полошо отколку хулиганите на Динамо во Атина.
Од друга страна, во страшните напори да ги засилат црнилата во Македонија до нестварни нивоа, во димензии во кои секој Македонец би требало да биде до над колената натопен во катран, суперќелиската олуја се претвора во провидна манипулација, секој ден е се посмешна, произведува неверојатни лаги од кои и нивните симпатизери се срамат.
Многу народи паѓале во хистерии и психози, но во пософистицирани варијанти и во поинакви околности. Но, сите завршувале трагично. Без исклучок.
Нашата национална психоза е бесмислена, глупава, смешна. Сите се разочарани. Како да излегуваат од касино. Ако оваа ниво на партиската проливност помине како пропаганда, тогаш мора да престане секоја дебата за македонското национално прашање. Крај. Тоа ќе значи дека ние како Македонци сме биле камуфлажа на идиотизмот кој во транзицијата нашол вентили да се изрзи и да ги порази нацијата, државата, културата и историјата.
Прашањето за власта, за нејзините добри и лоши страни, е друга тема која тука се употребува како аргументација не за смена на власта туку за смена на Македонија и на Македонците.
Бугарите немаат ниту 0.00001 отсто од антимакедонските капацитети во однос на Македонците кои подлегнале под оваа вморонско срање и тоталната медиумска контрола и тешка злосторничка злоупотреба на тоа што некогаш беше новинарство.
То е едната опција.
Втората е луѓето да се разбудат и да ги растераат оние кои ги носи на колење
Ако не, тогаш ништо.