Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Северна Кореја истрела балистичка ракета

 Генералштабот на јужнокорејската армија соопшти дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета кон морето, но не наведе дополнителни детали, како на пример колкаво растојание поминал проектилот.

Лансирањето се случило неколку часа откако САД испратија бомбардери со голем дострел Б1-Б на Корејскиот Полуостров, како дел од годишната заедничка воена вежба со Јужна Кореја.

Претходно оваа недела, државните медиуми на Северна Кореја соопштија дека лидерот Ким Џонг-ун побарал војската да биде трајно подготвена за битка за да ги спречи инвазиските планови на неговите ривали.

Најново