Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Си-ен-ен ќе ја предводи Марк Томпсон, поранешен извршен директор на Њујорк тајмс

Марк Томпсон, поранешен извршен директор на Њујорк тајмс и генерален директор на Би-би-си, ќе биде новиот предводник на Си-ен-ен, објави телевизиската мрежа денеска. 

Томпсон ја презема глобалната новостна организација во едно од најважните моменти во нејзината 43 годишна историја. 

-Нема поискусен, попочитуван и покадарен извршител во безнисот со вести денес од Марк, и ние сме возбудени што го имаме и што се придружува на нашиот тим да ја води CNN Worldwide во иднината, изјави Дејвид Заслав, извршен директор на „Варнер брос дискaвери’, мајка компанија на овaа телевизија. 

Тoмпсон офцијално стартува на 9 октомври како извршен директор и претседател на бордот, и ќе биде во својство на главен уредник, се вели визјавата. 

Доаѓањето на Томпсон е во време кога телевизијата се соочува со егзистенцијална криза предизвикана од својот бизнис модел поради брзото намалување на традиционалната линеарна телевизја, од каде доаѓа главниот дел од профитот. Слични проблеми Томпсон имаше и со Њујорк тајмс, кога традиционалното хартиено издаваштво пропадна додека читателите мигрираа онлјан и многумина се откажаа од претплатата за хартеин весник. Тој успешно го трансформираше весникот во дигителан џин. 

Си-ен-ен исто така настрада и од негативната пропаганда на порнешниот претседател Доналд Трамп, телевизијата беше главна цел на неговите напади за време на претседателството, и кој сега повторно се трка за нов мандат во Белата куќа на изборите идната година. 

Си-ен-ен загуби низа популарни водители, и претходниот директoрот Крис Лихт, поради судир на интереси или коментари поврзани со расата и Me too движењето, и во изминатиот пероид се судира со намален рејтинг, многу помал од ривалите како Фокс њуз и Ем-ес-ен-би-си. Задачата на Томпсон ќе биде да најде лица кој ќе ја дигнат популарноста на една од главните телевизии во САД.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново