Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Девет пожарникари од Тетово ќе помагаат во подрачјата погодени од земјотрес во Туркије

Девет пожарникари со две возила од Територијалната противпожарна единица-Тетово ќе заминат во Туркије за да помагаат во справувањето со последиците од земјотресот во југоисточниот дел од земјата. Тие имаат опрема за пребарување и спасување на луѓе под урнатини.

–Во знак на солидарност и поддршка, група од девет лиценцирани лица за елементарни непогоди од Територијалната противпожарна единица Тетово, со противпожарна и опрема за пребарување и спасување заминаа за југоисточниот дел на Туркије за да му помогнат на турскиот народ. Тетово ја споделува и сочувствува со големата болка на турскиот народ и оваа огромна трагедија што ја зафати Туркије, порача градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Според командантот на единицата Авни Амети пожарникарите се обучени за ваква намена за пребарување и извлекување на луѓе во случај на земјотрес.

Фото: миа.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново