Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска разговараше со специјалниот пратеник на германската Влада за Западен Балкан, Мануел Зарацин, кој изрази силна поддршка од германската Влада за полноправно членство на Србија и регионот во Европска Унија.
– Соговорниците се согласија дека напредокот на дијалогот меѓу Белград и Приштина е од големо значење за зачувување на стабилноста во регионот, а Дачиќ укажа на важноста од што поскоро формирање на Заедницата на српските општини, се нагласува во соопштението од српското МНР.
На средбата беа разменети мислења за регионалната соработка и актуелните надворешнополитички прашања.
На 6 октомври во Тирана ќе се одржи средба на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес, по што ќе следи Самитот на Берлинскиот процес на 16 октомври.