Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Омнибустопија 5 по три години, повторно, дел од настаните ќе ги реализира во автобус

На 28 септември (во автобус на ЈСП) и на 29 септември (во Младински Културен Центар) ќе се одржи овогодинешното, петто по ред, полујубилејно, издание на Омнибустопија, во организација на Аксиома.

Овојпат идејна тема на овој мини фестивал ќе биде РЕМИКС, а програмата со настапи во живо ги вклучува Драган Теодосиев трио (слободни импровизации на композиции на музичарот “без татковина” Stephan Micus), најдолговечниот македонски џез бенд Sethstat (прв пат по 20 години ќе се претстават само со интерпретации на туѓи песни) и гостите од Белград Crno dete, кои свират необична комбинација од панк џез, ноиз и турбо рок.

Групна изложба со сито печат графики ќе има белградскиот колектив Matrijaršija.

Омнубустопија оваа година ќе организира две работилници на тема: 1. Ресоздавање/редизајн на постери од филмови и корици од музички албуми (ќе ја водат Партизанска штампа / Partizan print) и 2. Реимагинација на филмска музика (ќе ја води Yordan Kostov). Исто така, ќе имаме и разговори, промо настан…

По три години, повторно, дел од настаните ќе се реализираат во автобус. Како дел од главната програма на 28 септември во четврток во автобус на ЈСП и на фонтана на Градски парк ќе се реализираат концертот на Драган Теодосиев трио (Благојче Томевски – кларинет; Стефан Миладинов – електрична гитара; Драган Теодосиев – тапани) и разговорот на Јордан Шишовски и Мариглен Демири.

Програмата продолжува на 29 септември во петок во Јавна соба со Групна изложба на колективот Matrijaršija од Белград, со концерт на Crno dete (Damjan Brkić – електрична гитара; Milan Bukejlović – тапани; Tomislav Marjanović – саксофон) и со концерт на Sethstat (Васко Бојаџиски – саксофон; Владан Дробицки – тромбон; Панче Бујуклиев – синтисајзери; Павел Дробицки – бас гитара; Гоце Наумов – тапани).

Сите деталји за овогодишниот концепт и за програмата на Омнибустопија 5, на следниот линк:

Зачлени се на нашиот е-билтен