Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јас не би правел интервју со Јанкулоска

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Го гледав интервјуто на Попетревски со Јанкулоска.

Најверојатно е новинарски да сакаш да имаш ексклузивно интервју со „атрактивен“ соговорник, поготово актуелизиран сега (фотографијата со Мицкоски и Јанкулоска во белата палата), а од друга страна си велиш – зошто побогу да правам интервју со осуден криминалец што самиот си слушал како гази буквално сè пред себе за лични и партиски интереси.

Го читав и Петрит кој вели „И јас би правел интервју со Јанкулоска“. Прашањата што Петрит Сарачини би ѝ ги поставил на Јанкуловска, се она што навистина треба да се праша „министерката со тефтерчето“, што за уши еден по еден нè вадеше за отстрел на овој или оној начин. Но, не гледам никаква потреба да се дава медиумски простор на елементарна непогода од човек, олицетворение на вазална бескомпромисност која со самото тоа што не соработуваше со истрагата не покажуваше и не покажува никакви знаци на каење.

Јас не би направил интервју со Јанкулоска зашто во кој и да е случај, какви прашања и да и поставиш, на некој начин ја рехабилитираш. Ако не друго, ја факторизираш и ѝ даваш простор за манипулација.

Лукава е Јанкулоска, знае да ги искористи сите прилики кои ѝ се нудат. Знае да мавне и на емоција (мајка на пет годишно дете во затвор), а со интервју во било каков формат тоа ѝ се нуди – можност за амнестија и рехабилитација.

Две работи ме плашат што ги видов во интервјуто.

Прво, Јанкулоска уште од затвор е спремна повтроно да биде политичко-партиски ангажирана во служба на белата палата. Мицкоски како што видовме пред некој ден, таа шанса веќе и ја дава. Тоа, практично значи нејзиното ВМРО-МВРО е уште живо и дреми во сенка да ни се повтори.

Второ, врзано со првото, Јанкулоска со тоа што не покажува никакво каење, значи во други околности секако дека би го повторила она што го правела кога ја имаше министерската моќ и наклонетоста на Груевски. Разликата сега би била само што ќе биде под покровителство на Мицкоски.

Дали за да ги сфатам овие работи ми требаше да го видам интервјуто?

Не. Тие се толку очигледни и сега, како што беа очигледни нејзините лажни солзи тогаш во изјавата за Диво Насеље.

Сигурно и Васко ги имал овие дилеми пред да се реши на интервју со Јанкулоска. Па ваљда му превагнал ексклузивитетот.

Да бев класичен новинар, јас сега би направил интервју со Васко Попетревски. (Фронтлајн)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново