„Вардар филм прикажува – македонски филмски класици“ во Кинотеката

Со прикажување на култниот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов (на 35mm филмска лента), снимен во 1991 година, кој е во продукција на Вардар филм, вечер во 20:00 часот, во Кинотеката свечено ќе биде отворен фестивалот „Вардар филм прикажува – македонски филмски класици“.

Програмата ќе биде збогатена и со други четири филмски класици, дела на наши реномирани режисери.

Станува збор за филмовите „Среќна Нова 49“ и „Џипси меџик“ на Столе Попов, „Исправи се Делфина“ на Александар Ѓурчинов и „Хај фај“ на Владимир Блажевски.

Сите пет филмови ќе се прикажуваат и низ неколку центри за култура низ целата држава до крајот на годината, најавуваат од НУФЦ „Вардар Филм“-Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен