Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повелбата „Зоран Радмиловиќ“ за македонскиот писател Јордан Плевнеш

На 32-иот фестивал “Денови на Зоран Радмиловиќ” што се одржа од 17 до 24 октомври во Заечар, Република Србија, Повелбата што го носи името на култниот југословенски актер Зоран Радмиловиќ му беше свечено доделена на македонскиот писател Јордан Плевнеш за неговиот творечки опус.

Повелбата му беше врачена во Театарскиот музеј на Зајечар пред бројната публика и гости на Фестивалот од повеќе балкански и европски земји.

Со пригодна беседа одлуката на Уметничкиот совет ја соопшти Претседателот на Фестивалот Владимир Ѓуричиќ, а за творештвото на Плевнеш зборуваше Бора Драшковиќ, театарски и филмски режисер со меѓународно реноме. Драшковиќ истакна дека делото на Плевнеш, кое е објавено и изведувано на голем број светски сцени, колку што и припаѓа на македонската култура, толку е и дел од балканската, европската и светската култура.

На крајот се обрати лауреатот Плевнеш, кој истакна дека ова признание со името на Зоран Радмиловиќ ја остварува неговата мисла дека “Уметноста е единствениот бастион кој што може да го спаси светот, во ова време на општа безнадежност што владее на планетата, во која секојдневно се уништува и последниот атом на човечката надеж!“.

Зачлени се на нашиот е-билтен