Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Активисти за човекови права тврдат дека Иран егзекутирал уште еден демонстрант

 Уште еден маж кој се приклучил на антивладините протести во Иран минатата година е егзекутиран, објави иранска организација за човекови права со седиште во САД.

Според организацијата, Милад Зохрехванд бил егзекутиран во затворот Хамедан, само 10 дена откако Врховниот суд ја потврди смртната казна, пренесе ДПА.

Неговото семејство не било претходно информирано, соопшти ХРАНА.

Иранскиот суд го прогласи Зорехванд за виновен за убиство на припадник на иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИГРЦ) и го осуди на смрт.

Меѓународното општество за човекови права (Society for Human Rights – ISHR) со седиште во Германија, го нарече извршувањето самоволно. Активистите за човекови права постојано ја обвинуваат иранската влада дека ги користи егзекуциите како средство за да ги потисне протестите и да ги угнетува етничките малцинства. 

Најново