– Нешто повеќе од една третина од Американците, 36 отсто, сè уште веруваат во така наречениот американски сон, идејата дека секој може да напредува ако напорно работи, покажуваат резултатите од најновата анкета објавена во „Волстрит џурнал“.
Тоа е едвај половина од оние кои одговориле потврдно на слично прашање минатата година.
Додека 45 проценти истакнале дека повеќе не е вистинит, а за 18 отсто од испитаниците навеле дека никогаш не бил вистинит американскиот сон. Тоа е двојно поголем процент на испитаници, кои го дале истиот одговор пред десет години.
Верувањето во оваа идеја, некогаш основа на американскиот идентитет, навидум се намали од минатата година, кога 68 отсто од испитаниците се согласија со слична изјава: „Ако луѓето работат напорно, веројатно ќе напредуваат во САД“.
Половина од испитаниците во истражувањето спроведено минатиот месец веруваат дека животот во САД е полош од пред 50 години, додека само 30 проценти посочиле дека животот е подобар. Половина се согласија дека економскиот и политичкиот систем е „воспоставен против луѓе како нив“, додека само 39 проценти не се согласуваат.
И минатата и оваа година 51 отсто се согласија со изјавата „Честопати се чувствувам како да сум еден од луѓето на кои елитите во оваа земја гледаат со презир“, а 39 проценти не се согласиле.
Само 28 отсто од помлади од 50 години веруваат дека со напорна работа ќе напредуваат во животот, во споредба со 48 отсто од оние над 65 години.