– Новоизбраниот претседател на Аргентина Хавиер Милеи денеска во Вашингтон се среќава со Џејк Саливан, советникот на претседателот Џо Бајден за национална безбедност и останати претставници на администрацијата.
Ова синоќа го најави Џон Кирби, претставник на Советот за национална безбедност при Белата куќа. Оттаму кажаа дека Аргентина е „здрав и енергичен партнер на САД“.
-Сакаме и понатаму да бараме патишта за соработка со Аргентина. Оваа земја е здрав и енергичен партнер по многу прашања во оваа хемисфера, кажа Кирби.
-Затоа со нетрпение сакаме да ги слушнеме идеите на избраниот претседател, да видиме во кој правец тој сака да се движи во однос на политичките прашања и да се убедиме дека постои можност тој канал за комуникација да остане отворен.
Бајден кој денеска оди на помен служба во чест на поранешната прва дама Розалин Картер, а после тоа оди во Колорадо, нема да се сретне со Милеи.
Од Министерството за финансии на САД јавија дека советници по економска политика на Милеи денеска среќаваат високи службеници на министерството. Средбата ќе биде посветена на приоритетите и економската политика на идната администрација на Милеи.