Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Двајца израелски војници повредени во напад со автомобил на Западниот Брег

 Двајца израелски војници се повредени денеска во напад со автомобил кој удрил во група војници на Западниот Брег, соопшти израелската армија.

Напаѓачот е неутрализиран, се вели во пораката. Израелската армија додаде дека ранетите војници се хоспитализирани.

Нападот се случи неколку часа по нападот на двајца палестински вооружени лица во западен Ерусалим, во кој загинаа три лица на автобуска станица. Двајцата напаѓачи, кои се браќа, се застрелани.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново