Генералниот директор на руската државна корпорација Росатом, Алексеј Лихачев и шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, се договорија да одржат сеопфатни консултации за нуклеарната централа Запорожје во периодот од јануари до февруари.
Како што соопшти денеска Росатом, средбата се одржала на маргините на климатската конференција КОП28 на Обединетите нации во Дубаи.
– Фокусот беше на прашањата поврзани со обезбедувањето на нуклеарната сигурност на нуклеарната централа Запорожје. Конкретно, тие разговараа за работата на мисијата на МААЕ во централата и претстојната ротација на експерти на Агенцијата закажана за 5 декември, се додава во соопштението.