Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Две жртви во руско гранатирање на Херсон

 Најмалку две лица загинаа, а тројца се ранети во руско гранатирање утринава на украинскиот град Херсон, соопштија локалните власти.

Градоначалникот на областа Олександар Прокудин објави снимка по нападот на која се гледаат две безживотни тела на улица во центарот на градот.

Градоначалникот на Херсон, Роман Мрочко изјави дека рано утринава во друг артилериски напад врз медицинска установа биле ранети двајца лекари.

Руските власти претходно соопштија дека неутрализирале 35 украински беспилотни летала над анектираниот црноморски полуостров Крим и Азовското Море.

– Синоќа е спречен обид на украинскиот режим да изврши терористички напад со помош на дронови, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. 

Зачлени се на нашиот е-билтен