Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блинкен најави ограничување на визите за САД, за израелските екстремисти одговорни за насилството на Западниот Брег

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во текот на вчерашниот ден  најави нова политика за спречување на екстремистичките израелски доселеници одговорни за насилството на Западниот Брег да дојдат во САД.

„Денес, Стејт Департментот спроведува нова политика за ограничување на визниот режим насочена кон поединци за кои се верува дека биле вмешани во поткопување на мирот, безбедноста или стабилноста на Западниот Брег, вклучително и преку извршување акти на насилство или преземање други дејствија кои прекумерно го ограничуваат пристапот на цивилите до основните услуги и основните потреби“, се вели во соопштението на Блинкен.

„Членовите на потесното семејство на таквите лица, исто така, може да бидат предмет на овие ограничувања“, додава тој.

Стејт департментот ќе може да ја примени политиката и на Израелците и на Палестинците кои се одговорни за нападите на Западниот Брег, рече Блинкен.

Тој не наведе ниту еден поединец кој ќе биде предмет на визните ограничувања, ниту пак кажа колку ќе бидат вклучени во почетната транша од ограничувањата.

На крајот, новата политика се очекува „да влијае на десетици поединци и потенцијално членовите на нивните семејства“, изјави во вторникот портпаролот на Стејт департментот Мет Милер.

Милер на брифинг со новинарите рече дека одделот во вторник презема чекори за воведување ограничувања според новата политика.

„Секој израелски државјанин кој моментално има виза за влез во Соединетите држави ќе биде известен дека таа виза е укината“, објасни Милер, мислејќи на Израелците назначени според програмата. Секој друг израелски државјанин кој е назначен како резултат на оваа програма, но во моментов нема виза, нема да биде известен. Ако сакаат да патуваат во Соединетите Држави и аплицираат преку ESTA, што е начинот на кој функционира ако во моментов сте земја од програмата за откажување виза, таа апликација ќе биде одбиена“, рече тој.

Претставниците на администрацијата со недели сигнализираа дека ќе преземат таква акција бидејќи насилството на Западниот Брег се интензивираше по нападот на Хамас на 7 октомври, пренесува Си-Ен-Ен.

Д. Т. / Цивил Медиа

Зачлени се на нашиот е-билтен