Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Српското МВР ја информирало Брнабиќ за лажни дојави за бомби во училишта, идентификувани лица од Србија и странство

– Припадниците на Министерството за внатрешни работи ја информирале претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, дека во тек е темелна истрага за откривање на испраќачот на дојавата за бомби во белградските училишта, и дека се идентификувани неколку државјани на Република Србија, како и лице од странство, јави дописникот на МИА од Белград.

Во соопштенеито на српската Влада се наведува дека истрагата се врши по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград со цел прибирање материјални докази против сторителите за кои постојат основи на сомнение дека сториле кривични дела предизвикување паника и нереди.

„Полицијата од првиот момент работи многу сериозно на овој случај и идентификувани се неколку државјани на Република Србија, како и лице од странство кои ги испраќаат овие дојави и малтретираа ученици, родители и вработени во изминатите недели“, се наведува во соопштенеито.

Во него се додава да претставници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование ја информираа премиерката дека ги преземале сите мерки и активности за да се обезбеди степенот на безбедност и заштита на училиштата да биде на највисоко можно ниво, како и да се постапува по секој закана, која вклучува околу 2.500 полицајци на терен дневно.

Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование во следните два дена ќе предложат нов Протокол за справување со вакви состојби во образовните институции со цел да се обезбеди целосна безбедност на сите кои престојуваат во училиштето, како и континуитет на наставниот процес. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново