Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Декларација од Самитот ЕУ-ЗБ: Потврдена недвосмислената посветеност за членство на Западниот Балкан во Унијата

ЕУ ја потврдува својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на Западниот Балкан во ЕУ и повикува на забрзување на процесот на пристапување, врз основа на веродостојни реформи од страна на партнерите, фер и ригорозни услови и  принципот на индивидуални заслуги е во заеднички интерес, се наведува во нацрт завршната декларација на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел на која учествува и премиерот Димитар Ковачевски во придружба на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маровиќ.  

– Проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот. ЕУ ја поздравува решеноста на партнерите од Западен Балкан да ги почитуваат и да се заложат за основните европски вредности и принципи. ЕУ, исто така, ја поздравува повторената посветеност на партнерите од Западен Балкан за приматот на демократијата, основните права и вредности и владеењето на правото, се додава во декларацијата. 

Во документот се додава дека согласност со Декларацијата од Тирана од декември 2022 година, ЕУ ја нагласува потребата од одржливи и неповратни реформски достигнувања за владеењето на правото, функционирањето на демократските институции, економијата и реформите на јавната администрација. 

– Се покомплексната геостратешка средина, во која доминира руската агресија врз Украина и која е силно обележана со кризата на Блискиот Исток, продолжува да ја става на ризик европската и глобалната безбедност. Тоа ја покажува важноста на единството и целта во рамките на европското семејство и на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и регионот на Западен Балкан што ќе донесе уште поблиски врски и поинтегрирана соработка со ЕУ, заснована на заеднички принципи и вредности, се наведува во текстот. 

Според учесниците на Самитот, застанувањето заедно со ЕУ е јасен знак за стратешката ориентација на партнерите повеќе од кога било во светлината на руската агресија врз Украина и другите безбедносни предизвици.  

– ЕУ ќе продолжи да инвестира во мултилатерализмот и ќе соработува со партнерите за одбрана и одржување на меѓународниот поредок заснован на правила. Заедничката визија за иднината вклучува заеднички вредности и меѓусебни одговорности. Додека ја продлабочуваме нашата соработка со партнерите, ги повикуваме да постигнат брз и одржлив напредок кон целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и за рестриктивните мерки на ЕУ и да дејствуваат соодветно. Ги пофалуваме оние партнери од Западен Балкан кои веќе ја демонстрираат својата стратешка определба со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и ги охрабруваме оние кои сè уште не го сториле тоа да го следат примерот. Го охрабруваме и подобрувањето на спроведувањето на рестриктивните мерки и спречувањето на нивно заобиколување, се додава во Декларацијата. 

Натаму во документот се потецира дека останува најблискиот партнер на регионот, главен инвеститор и трговски партнер и главен донатор, при што се додава дека таа поддршка треба да бидат повидлива за да можат граѓаните да ги ценат конкретните придобивки од партнерството со ЕУ.

– ЕУ ја нагласува потребата за посветеност на партнерите од Западен Балкан за инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите-членки на ЕУ. Во овој контекст, ЕУ ја нагласува важноста од постигнување дефинитивни и трајни решенија за билатералните спорови и прашања на партнерите вкоренети во наследството од минатото. ЕУ исто така ги повикува партнерите да ги гарантираат правата и еднаков третман на лицата кои припаѓаат на малцинствата, се наведува во Декларацијата.

Лидерите потенцираат дека ги поддржуваат напорите на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања и нагласуваат дека очекуваат конструктивен ангажман за брз напредок во нормализирањето на нивните односи.

Во Деклрацијата се истакнува и посветеноста на доближување на земјите од регионот до ЕУ и унапредување на постепена нивната интеграција, подготвувајќи го теренот за пристапување и донесувајќи конкретни придобивки за нивните граѓани веќе за време на процесот на проширување.

– Во овој контекст, ЕУ ги зема предвид предлозите дадени од Комисијата во Планот за раст за Западен Балкан, кои треба да овозможат социо-економска конвергенција, исто така, преку забрзување на неопходните реформи, привлекување странски инвестиции и унапредување на регионалната економска интеграција преку заедничкиот регионален пазар, врз основа на правилата и стандардите на ЕУ. ЕУ е подготвена да ги испита предлозите дадени во Планот за раст за зајакнување на економската интеграција на Западен Балкан со ЕУ, се наведува во документот.

ЕУ ги повикува земјите од Западниот Балкан да се усогласат со правилата на единствениот пазар на ЕУ и да ги отворат релевантните сектори и области за сите нивни соседи, како и целосно да го зачуваат интегритетот на единствениот пазар на ЕУ и еднаквите услови за игра.

– ЕУ го поздравува потпишувањето на четвртиот договор за мобилност за взаемно признавање на професионални квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки што ќе ја унапреди мобилноста на професионалците во Западен Балкан. ЕУ, исто така, го поздравува стапувањето во сила на трите договори за мобилност за слобода на движење со лични карти за граѓаните од регионот, како и за меѓусебно признавање на универзитетски дипломи и професионални квалификации во регионот потпишани минатата година. ЕУ ги охрабрува преостанатите партнери од Западен Балкан брзо да ги ратификуваат овие договори за граѓаните да можат да имаат корист од нив што е можно поскоро, се вели во Деклрацијата.

Во текстот се поздарвуваат одлуки за иницијативи поврзани со регионалната трговија, модернизацијата на платежни системи, соработката во сферата на транспортот и врските, спроведувањето на зелените политики, намалувањето на трошоците за роаминг, како и отворањето на Европскиот колеџ во Тирана.

– Потсетувајќи се на декларациите од Брдо од 2021 година и на декларациите од Тирана од 2022 година, ЕУ е посветена на забрзување и натамошно продлабочување на својот политички и политички ангажман со Западен Балкан, вклучително меѓу другото и преку одржување на редовни самити ЕУ-Западен Балкан, учество на Западен Балкан партнери во настани на високо ниво на ЕУ и редовни дијалози за ЗНБП и зголемување на соработката на мултилатералните форуми. Партнерите од Западен Балкан веќе се поканети да дадат информации за состаноците на Советот за надворешни работи и да добиваат редовни информации за овие состаноци. Неодамнешниот министерски состанок ЕУ-Западен Балкан во ноември дополнително го интензивираше ангажманот во областа на ЗНБП и Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан во октомври во Скопје за правда и внатрешни работи, се истакнува во Декларацијата.

Во документот се нагласува и важноста на изградба на цврста економска основа за иднината и заеднички справување со негативното влијание на руската агресија врз Украина и поврзано со тоа и зајакнување на безбедноста и градење на отпорност на земјите од регионот, како и справувањето со манипулациите, странскитре влијанија, дезинформациите и други хибридни и кибер закани, со кои се прават обиди за поткопување на стабилноста на регионот, демократските процеси и неговата перспектива за членство во ЕУ.

Во Декларацијата се потенцира и потребата од справувањето со миграцијата како заеднички предизвик и одговорност, се повикува на зајакнување на соработката во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам, се поздравува определбата на партнерите од Западен Балкан за искоренување на трговијата и ширењето на малокалибарското и лесно оружје и се охрабурваат земјиет од регионот да воспостават и одржуваат кооперативни односи со Европското јавно обвинителство во областа на меѓусебната правна помош во кривичните прашања.

– Луѓето од целиот регион на Западен Балкан од следната година ќе можат да патуваат без виза во Шенген зоната. ЕУ го поздравува напредокот постигнат во усогласувањето со визната политика на ЕУ од страна на неколку партнери од Западен Балкан и побара дополнително усогласување за да се спречи злоупотребата на системите за миграција и азил на земјите-членки на ЕУ, се потенцира во документот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен