Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

 Телекомуникациските услуги во Појасот Газа повторно целосно се во прекин, соопшти провајдерот Палтел.

Сите комуникациски и интернет услуги се во прекин поради „тековната агресија“, напиша денеска на Фејсбук палестинската компанија со седиште на Западниот Брег.

Организацијата NetBlocks, која е позната по следењето на блокадите на интернет, исто така денеска на платформата „Икс“ го потврди обновениот колапс на поврзувањето во Појасот Газа.

Провајдерот во неделата соопшти дека ги обновува телекомуникациските услуги во јужните и централните области на Појасот Газа по прекинот што траеше неколку дена.

Од почетокот на војната, неколку пати беа во прекин комуникациските мрежи во затвореното крајбрежно подрачје. 

Најново