Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украина планира да произведе милион дронови за воена употреба

 Украина планира да произведе еден милион извидувачки и офанзивни беспилотни летала ФПВ и повеќе од 11.000 беспилотни летала со среден и долг дострел следната година, изјави денеска украинскиот министер за воена индустрија Олександар Камишин.

„Сите производствени погони се подготвени и почнува склучувањето на договорите за 2024 година“, рече Камишин.

Тој додаде дека планирано e и производство на најмалку 1.000 дронови со дострел поголем од 1.000 километри.

 Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно изјави дека украинската армија побарала да се мобилизираат меѓу 450.000 и 500.000 луѓе.

„Прашањето е многу чувствително. Од Армијата укажаа на недостигот на работна сила и побара мобилизација на дополнителни 450.000 до 500.000 луѓе. Тоа е сериозна бројка“, рече Зеленски.

Тој додаде дека Украина не е блиску до пораз, наведувајќи дека претходно била во потешка позиција. рп/

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново