Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Грција задоволна од постигнатиот договор за Пактот за азил и миграција

Задоволство за постигнатиот договор за азил и имиграција на европско ниво, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека станува збор за договор за кој Грција „беше предводник“ и во кој се земени предвид „и националните особености и особеностите на сите земји-членки на Европската унија што се наоѓаат на надворешните граници“.

-Тоа е важен европски одговор на големиот национален напор за спроведување на строга, но праведна миграциска политика, порача грчкиот премиер. 

Зачлени се на нашиот е-билтен