Италијанската влада одвои 18 милиони евра за зголемување на капацитетот на антидопинг лабораторијата во Рим по повод Зимските олимписки игри во Милано и Кортина во 2026 година.
Со оваа одлука се отстранува сценариото според кое, анализите на антидопинг примероците од контролите што ќе се вршат на Зимските игри од 6 до 22 февруари и на Параолимписките игри од 6 до 15 март 2026 година, би се вршеле во странство.
Од 2017 година, Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја имаше „на нишан“ лабораторијата во Рим бидејќи се сметала за премала и премногу блиска до спортистите бидејќи се наоѓа на локација која припаѓа на Италијанскиот олимписки комитет.
ВАДА го зголеми притисокот врз италијанските власти откако Игрите во 2019 година беа доделени на Милан и Кортина.
Новиот проект предвидува лабораторија со зголемен капацитет која треба да биде отворена на источната периферија на Рим.