Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германија бара заплена на повеќе од 720 милиони евра замрзнати руски средства

Германските власти сакаат да запленат повеќе од 720 милиони евра руски средства замрзнати во Германија како дел од санкциите воведени по почетокот на руската инвазија врз Украина.

Главниот обвинител во денешното соопштение информира дека покренал постапка пред судот во Франкфурт во која се бара „независна постапка за конфискација“.

– Целта на оваа шема е да се конфискуваат повеќе од 720 милиони евра депонирани од руска финансиска институција на банкарска сметка во Франкфурт поради, како што се претпоставува, обид за кршење на ембаргото, се вели во соопштението.

Предметните средства припаѓаат на Московската берза и се депонирани во германската филијала на JP Morgan Chase, според тврдењата на германскиот неделник Шпигел.

Германските власти ја почнаа процедурата откако руската берза се обиде да ги преземе средствата, што е забрането откако беа воведени санкциите во 2022 година поради руската инвазија врз Украина.

Обвинителот додаде дека барањето е доставено до судот во јули годинава.

Досега Германија се ограничуваше на замрзнување на имотот на санкционирани поединци и компании. Но, доколку ова барање на обвинителството биде одобрено, средствата ќе бидат префрлени во германскиот федерален буџет.

По руската инвазија врз Украина, западните сојузници замрзнаа повеќе од 300 милијарди евра од руската централна банка и разни средства на санкционирани поединци или субјекти, во вредност од десетици милијарди евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен