Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Светска програма за храна: Преку Јордан во Газа пристигнаа 750 тони помош

Светската програма за храна (WFP) денеска соопшти дека конвој со 750 тони помош во храна пристигнал во Газа, што е првиот конвој од Јордан што стаса на таа територија од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Конвојот од 46 камиони, организиран од WFP и јорданската невладина организација JHCO, транспортираше 750 тони храна, за што беа потребни недели координација со сите страни за да се организира, соопшти агенцијата на ОН.

Конвојот помина низ граничниот премин Керем Шалом меѓу Израел и Газа.

Израел во петокот одобри привремена испорака на помош за Газа преку граничниот премин Керем Шалом, отворајќи нова рута за снабдување до енклавата по неколкунеделен притисок.

Претставникот на WFP во палестинските територии рече дека формирањето на коридор низ Јордан го зголеми протокот на помош и ќе овозможи на тој начин да се испрати повеќе помош и повеќе камиони.

– Ние сме им благодарни на сите што го овозможија тоа. Ова е ветувачка фаза што се надеваме дека ќе овозможи постојан и поголем пристап за побрзо да допре до повеќе луѓе во Газа, рече Самер Абделјабер. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново