Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ го исплати последниот заем годинава за Украина

 Последните 1,5 милијарди евра (1,6 милијарди долари) од програмата за поддршка на Украина од 18 милијарди евра за која земјите-членки на ЕУ се договорија во декември минатата година се исплатени, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Како ќе продолжи поддршката на ЕУ за Украина следната година не е јасно, откако минатата недела унгарскиот премиер Виктор Орбан ја блокираше новата програма за помош вредна 50 милијарди евра.

Специјалниот самит на ЕУ за тоа како да се продолжи е најавен за 1 февруари, иако другите лидери рекоа дека доколку не се договори решение со Унгарија, тие самите ќе преземат акција.

Парите од ЕУ ќе и овозможат на украинската држава да продолжи да плаќа плати и пензии. Покрај тоа, може да се користи за работа на болници, училишта и итни сместувања за раселените лица и за обновување на уништената инфраструктура, на пример, далноводи, системи за вода, патишта и мостови.

Украина има рок од 35 години да ги врати парите, што е предвидено од 2033 година. Каматните трошоци ќе ги покриваат земјите-членки на ЕУ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен