Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хамас одбива да преговара за заложниците додека Израел не ги запре воените напади

– Хамас и другите палестински фракции денеска ги отфрлија преговорите за ослободување на израелските заложници, додека Израел не ги запре воените напади врз Појасот Газа.

Во соопштението на Хамас се наведува дека таквиот потег е одраз на „палестинската одлука на национално ниво“.

-Не треба да се зборува за затвореници или договори за размена (на заложници), освен по целосно прекинување на агресијата, се вели во соопштението.

„Тајмс оф Израел“ објави дека неименуван израелски функционер, во изјавата што ја пренесоа израелските медиуми, го обвини Хамас дека се обидува да го условува ослободувањето на заложниците со крајот на војната. -Тоа нема да се случи, рече тој.

Околу 120 Израелци се уште се во заробеништво на Хамас и паравоената организација Исламски џихад.

Повеќе од 100 израелски заложници и стотици палестински затвореници беа ослободени како дел од претходниот договор со кој се бараше привремен прекин на непријателствата.

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, кој живее во Катар, оваа недела отпатува за Каиро на разговори со египетските власти, кои се обидуваат да посредуваат за нов договор меѓу Хамас и Израел, но средбата заврши без резултати.

Зачлени се на нашиот е-билтен