Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Турција досега испратила над 228 тони хуманитарна помош во Газа

– Турција досега испрати над двесте тони хуманитарна помош во Појасот Газа и ќе продолжи со посветеноста кон хуманитарна помош за тамошните Палестинци, соопшти Министерството за национална одбрана на оваа земја.

Во координација со меѓународните институции за хуманитарна помош, досега од турска страна се испратени повеќе од 228 тони материјали, информираше Зеки Актурк, портпарол на Министерството.

На 18 декември со авиони А400М и Ц-130 беа превезени 3,5 тони медицински материјал и 21 припадник на медицински персонал. Од друга страна, група од 101 пациент и 106 нивни придружници (од Газа) беа транспортирани во Анкара, потсети тој.

„Нашите повици за постигнување договор и воспоставување мир во Појасот Газа мора да бидат слушнати“, додаде портпаролот на Министерството. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново