Во студиото на „Слободен печат“ претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, истакна дека нема да го заплашат стратешките судски процеси кои ги практикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ниту ќе го заплашат смртните закани кои ги добива секојдневно на социјалните мрежи.
„Се води жестока кампања против мене, меѓутоа тоа е напад врз ЦИВИЛ, врз слободата“.
Ние бевме првата организација и медиумска екипа која реагираше на војната против Украина. Ние постојано објавуваме содржини за вистината да стигне до граѓаните, бидејќи вистината прва умира во војна, и како организација повикуваме на мир, бидејќи насилството, војните не носат добро.
„Во Украина се брани демократскиот свет“, потенцираше Дерала.