Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Гушни ги саканите со добра книга“, кампања на издавачката куќа „Топер“

Под слоганот „Гушни ги саканите со добра книга“, издавачката куќа „Топер“ го објавува својот специјален подарок за читателите по повод Денот на вљубените. Почнува кампања со широка палета наслови, сите достапни по намалени цени. Специјалната понуда е можност за секој читател да пронајде и избере совршен подарок за својата љубов или, пак, да си подари моменти на уживање во светот на книгите. 

„Топер“ се издвојува со големата разновидност на издавачката сцена во Македонија, со најмалку 1.000 наслови за деца и со повеќе од 200 наслови за возрасни. Секоја книга, избрана со љубов, станува дел од несекојдневната приказна на читателот претворајќи го секој момент во волшебно искуство.

Издавачката куќа, која со години е еден од најконкурентните издавачи на пазарот, ги посветува својата креативност и страст на разновидна и образовна литература нудејќи им на децата нови светови и ги учи со многубројни едукативни изданија и енциклопедии. 

„Ние не само што го претставуваме светот на книгите за деца, туку и постојано го збогатуваме со нови и свежи идеи. Веруваме во значењето на квалитетот, затоа целосно се посветуваме на создавање книги што не само што ќе ги забавуваат децата, туку и ќе ги збогатуваат со нови знаења и вештини. Оваа година планираме да ја комплетираме едицијата лектири, проект што го почнавме минатата година, и да издадеме нови книги за деца, меѓу кои и книга со сензори, која е прва од тој вид на пазарот“, изјави Ирена Станојевиќ, директорката на издавачката куќа „Топер“. 

„Топер“ не само што го нагласува значењето на квалитетот, туку и постојано води сметка да понуди цени прифатливи за сечиј џеб. Токму затоа ќе остане запаметен по сликовниците „Пикси“, кои веќе десетина години се продаваат по непроменета цена од 19 денари, и со тоа претставува единствен издавач со таа цена на пазарот.

Освен ова, „Топер“ се гордее со неверојатниот успех на својата најпродавана книга, „Тајна“, со повеќе од 15.000 продадени примероци. Ова неоспорно го потврдува статусот на „Топер“ како сериозен конкурент на издавачката сцена во Македонија. Дополнително, „Топер“ е пионер во издавањето литература на албански јазик со која го збогатува својот репертоар со разновидни наслови и отвора нови културни хоризонти. 

Со илјадници наслови за деца и со стотици за возрасни, „Топер“ продолжува да го збогатува и задоволува читателското искуство.

Зачлени се на нашиот е-билтен