Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Михаилоски: Повеќе средства за подобар оброк за студентите

Претседателот на Социјалдемократската младина, Марко Михаилоски ги поздрави измените на Законот за субвенциониран студентски оброк со кои се зголемуваат средствата за таа намена.

„Студентскиот стандард мораме постојано да го подобруваме. Студентите да бараат повеќе, а политичарите да дадат сѐ од себе да исполнат“, напиша Михаилоски на социјалните мрежи.

Тој додава дека секој мал чекор е напред е победа на патувањето до успехот.

„Продолжете да притискате, останете фокусирани и направете го денешниот ден да биде уште подобар“, пишува Михаилоски.

Пратениците вчера, со 74 гласа „За“ го изгласаа предлогот на студентите за измени на Законот за субвенциониран студентски оброк со што се издвојуваат повеќе средства за оваа намена.

Зачлени се на нашиот е-билтен