Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вмро го фрла Македонецот како коцка шеќер во океанот на историјата

Немам никаква доверба во тоа дека Македонецот може да се бори за општото добро. Последната негова борба беше Шарената револуција. Во која не се разочараа затоа што не ги оствари сите возвишени идеали, туку затоа што тие не го добија своето парче од заслугите, не во форма на правда и мир, туку во форма на пари и елитни работни места

Пишува: Бранко ТРИЧКОВСКИ

Проблемите на Македонците не произлегуваат толку од ситуацијата во која се наоѓаат колку од тоа што на ситуацијата не умеат да ѝ погледаат в очи.

А не можат да и погледнат затоа што се вплеткани во неа.

Понекогаш имам впечаток дека мнозинството ја следи судбината на Македонија како што чопор волци следат повредена срна.

Без прва помош, завои, антибиотици, разни исцелителни масти, туку само со стомачните киселини кои ги мачат и бараат под итно нешто да варат.

Храна.

И, нормално, навиваат таа проклета срна конечно да го остави стадото и доброволно да им се принесе за вечера.

Никакви кокодакања за општото добро не можат да ја сокријат нивната себичност.

Македонците се однесуваат кон Македонија како другарите на Мајкл Кејн во филмот за пљачката во Хатон Гарден во Лондон. Нивниот трезор е Македонија. А моралното алиби го влечат од тоа дека ќе ги опљачкаат оние што нив ги испокрале.

Сѐ што треба да направат е да ги изберат вмороните за директори на банката.

Нема копање, нема дебели бургии и хебли.

Какви имбецилни резони.

Никој не се прашува зошто новите директори на банката би ги пуштиле да го опљачкаат трезорот.

И дали сѐ нема да заврши како во заплетот во еден друг филм, во филмот „Италијанска приказна“ со Џејсон Статам, Мајкл Валберг, Едвард Нортон, Доналд Сатерленд и др. Пак се работи за пљачка и за драматичен судир меѓу пљачкашите.

Симон Вејл, која од дното на душата се борела за промени, слобода и правда, вели дека револуциите се бесмислени, меѓу другото, затоа што бројот на привилегираните места е ограничен и дека малцинството кое ќе дојде до тие места со презир ќе гледа на револуционерното мнозинство исто како и тукушто соборените фотељаши и пљачкаши.

Немам никаква доверба во тоа дека Македонецот може да се бори за општото добро. Последната негова борба беше Шарената револуција. Во која не се разочараа затоа што не ги оствари сите возвишени идеали (јас мислам дека во конкретните околности власта што ја породи направи повеќе отколку што беше можно), туку затоа што тие не го добија своето парче од заслугите, не во форма на правда и мир, туку во форма на пари и елитни работни места.

Тоа е родното место на паролата дека „од нас држава не бидува“.

Пред два дена напишав дека Македонците се растопуваат во неизмерната слобода што им ја овозможува „ненародниот режим“ како коцка шеќер која од бродот паднала во океанот.

Што е добро за бродот и за континентот, но е штетно за екосистемот на океанот. Еден растопен вмрон, на пример, Лигњата, Кикифрики или Мицко можат да загадат до три кубни километри океан и да убијат милион тони сардини, до три кита и десет делфини.

Наравоучение: Македонец на бродот на историјата  мора да се држи заклучен во кајута, никако не смее да се пушти на палуба.

Од неговата супстанца останува само отровот.

Кој го бута во океанот?

Не, не се лизга самиот.

Вмро-дпмне ги фрла Македонците во форма на коцки шеќер во океанот на Историјата.

Половина од нацијата веќе се во течна состојба.

Некои мои пријатели велат дека со тезата дека мисијата на вмро е да ја растури Македонија ги преценувам луѓето во Горското началство на организацијата.

Не, не ги преценувам.

Јас точно знам дека тие не се во состојба да направат ниту проект за растурање на еден полски нужник камо ли за демонтажа на нашата славна држава.

Јас не ги ни потценувам затоа што во потценувањето има некаква вредност која е ниска, но е вредност која тие не ја достигнуваат.

Јас мислам дека тие од сите особини на хомо сапиенсот го имаат само злото и злобата, врзани со лепакот на страста, неукоста и незнаењето.

Тие се пучистичката моќ на нижоста.

И амбициозноста.

Според тоа, во мисијата за демонтажа на Македонија тие се само материјална сила, тие не се комитет на демонтажата, нема такви комитети ниту во странство.

Демонтажата ја проектира и ја води природата, идејната природа, доктрината и селската филозофија на самата организација.

До целта можат да стигнат и со најголема љубов за Македонија. Да речеме со „благородното“ одбивање на уставните промени. Со „благородната“ заштита на идентитетот. Со „благородното“ ремакедонизирање на Македонија со враќањето на Албанците во статусот третокласен народ, а на Македонците во статусот на газди.

Што е помакедонско од тоа за простиот народ.

А сепак завршува со општа смрт.

Хахаха!

До покривањето на модернистичката архитектура од времето на социјализмот со „велелепниот“ барок од стиропор. Со претворањето на велелепната влада на Муличковски во бела кочина на малограѓанштината, а капиталниот објект на Мепсо во античко срање. На Намата на модерноста во големо говно на Груевски.

Русите помалку ги унакажаа Бахмут и Авдивка од вмро Скопје!

Итн.

Се разбира, можеме да се согласиме дека можеби екипата на идиотот од Будимпешта имале и добри намери, но резултатот е грандиозен показател на вештачкоста и неукоста на групата луѓе кои сакале да го измамат светот дека се нација.

Хахаха!

Така ли е или не е така, бе, шверцери.

Злото е неограничено, но не е бескрајно. Само бескрајноста го ограничува неограниченото.

Ја имаме ли ние бескрајноста на разумот и љубовта, пристојноста и културата!?

Се сомневам.

Во моето разбирање на историјата, на сегашноста и на иднината, вмро е зло.

Со документи.

Имаат лични карта, пасоши, со Норд Македонија, имаат тапии од секоја капка македонска крв оставена по селата во Македонија и пола Бугарија.

Само инфантилна нација може да посака да се втемели во тие срања.

Во монотонијата на злото: ништо ново, ништо стварно, тука сѐ е нестварно.

Поради таа монотонија квантитетот игра така голема улога.

И затоа го бркаат.

Злото е без пречки и затоа е монотоно.

Во чувањето на вредностите што ги изградила нацијата во своите осумдесет години, вмро нема ниту трага од „јас“.

Но, го има во разорувањето. „Јас“ во разорувањето остава трага во светот.

Се разбира и тоа е покриено со „благородност“ на таканаречениот патриотизам затоа што се урива нешто што потекнува од комунистите, од поштата и театарот до самата држава и нација. Сѐ е тоа направено со изневерување на основните принципи на вмро во кои, како што знаете, нема држава, нема нација, има само автономија и Македонија. Што е нормално ако се знае дека сите, во сите деноминации, со различни пристапи се бореле за бугарската кауза во Македонија. Ова што се случува сега и наназад триесет у кусур години е враќање во тој статус, без одлука или решение на кој било поединец или тело, туку природно. Но тоа природно е подложно дури и обврзано да ги следи интересите на тие што постоеја пред да се одржави и национално конституира Македонија, како и поголеми интереси, како што се руските, на пример. Вмро нѐ враќа во минатото на преддржавието кога немаше држава да ги заебава и краде Македонците. И да ги тера  да вадат пасоши на држава што не ја признаваат.

Нестварна убавина! (Фронтлајн)

Зачлени се на нашиот е-билтен