Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Азири: Зошто на Таварави му била поважна поддршката од Касами, Гаши и Меџити од нашата понуда?

Потпретседателот на Алијанса за Албанците и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, Елми Азири, во утринската програма на Слободен печат рече дека Зијадин Села и Кренар Лога го прашале Арбен Таравари дали планира да се кандидира за претседател на државата, за партијата да се подготви за изборите, но тоа било категорично отфрлено од страна на актуелниот градоначалник на Гостивар.

„Можеби Таравари не сакал наша поддршка. Бидејќи според зборовите на Села и Лога, зборувале за оваа работа како генерален секретар и претседател на собранието, а тој отфрлил. Зошто биле побитни понудите од Касами, Гаши и Меџити од нашата понуда – не знам“, рече Азири.

Според него е чудно што Таравари своите ставови наместо пред партиските органи, одлучил да го споделува со останатите, конкурентски партии и со јавноста.

„Последните два месеца ние сме имале само една средба на централното претседателство, на крајот на декември, заедно со партискиот коктел. Во меѓувреме, Таравари имаше можеби секојдневни средби со Меџити, Гаши, Касами, со Али Ахмети и други чинители, но за жал немаше средби со нас. Ова беше малку чудна работа“, рече Азири.

„Кај нас преовладува мислење дека овие случувања не биле стихијни, дури и временската димензија била добро планирана за да се наштети на Алијанса за Албанците. Такво е мислењето и во јавноста и внатре. Сите овие случувања ни одземаат време да донесеме важни одлуки“, рече потпретседателот на Алијанса за Албанците.

Азири рече дека секогаш имало различни ставови во партијата, но дека сите ја почитувале одлуката на Централното претседателство, бидејќи ниту еден поединец не може да биде над колективните органи.

„Последните два месеца ние сме имале само една средба на централното претседателство, на крајот на декември, заедно со партискиот коктел. Во меѓувреме, Таравари имаше можеби секојдневни средби со Меџити, Гаши, Касами, со Али Ахмети и други чинители, но за жал немаше средби со нас. Ова беше малку чудна работа“, рече Азири.

Зачлени се на нашиот е-билтен