Зградата на Министерството за надворешни работи (МНР) вечерва е осветлена во боите на украинското знаме во пресрет на двегодишнината од руската инвазија на Украина.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во објава на Фејсбук, сподели фотографии и изрази „недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.
-Остануваме на страната на украинскиот народ и нивната борба за слобода, мир и демократски вредности, напиша Османи на фејсбујк.
Русија ја започна инвазијата над Украина на 24 февруари 2022 година.