САД внимателно го следат развојот на ситуацијата на Хаити по ескалацијата на насилството во текот на викендот, кога речиси 4.000 затвореници избегаа од затвор, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.
Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер истакна дека, според сознанијата на Вашингтон, премиерот на Хаити Ариел Хенри се враќа во земјата и дека САД сметаат дека е важно тоа да се дозволи.
Амбасадата на САД останува отворена, но ќе работи со ограничен режим, додаде Милер.