Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Катиќ е новата министерка за правда на Словенија

 На денешната седница на Парламентот на Словенија избрана е Андреа Катиќ за нова министерка за правда, со  45 гласа „за“ и 18 „против“.

Поранешната министерка за правда Доминика Шварц-Пипан поднесе оставка од функцијата по контроверзното купување на зграда планирана за судска зграда.

Нејзин потпис е на договорот за државна набавка на дотраена зграда вреден 7,7 милиони евра. Пред купувањето биле разгледани само документите за процена на цената и состојбата на имотот од 2017 година кога бил купен од приватно лице за 1,7 милиони евра. Опозицијата го опиша купувањето како „превид“, а Министерството за правда почна истрага за деталите од договорот.

И владејачката коалиција и опозицијата очекуваат новата министерка Катиќ да ја аферата.

Катиќ од 2015 до 2018 година ја извршуваше функцијата министерка за одбрана, а потоа до 2022 година беше министерка за правда.

Зачлени се на нашиот е-билтен