Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шведска денеска официјално ќе стане 32-та членка на НАТО

– Шведска, по два века неутралност и две години откако аплицираше, денеска и официјално ќе стане 32-та членка на НАТО, што е голем чекор за земја која досега се придржуваше до воено неврзување за да не го навлече гневот на Москва.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во Вашингтон официјално ќе му ги предаде документите за ратификација на шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, до кои земјата стигна по долги натегања со одделни членки на Алијансата.

Сино-жолтото шведско знаме во понеделник треба да биде подигнато пред седиштето на НАТО во Брисел.

Минатата недела Русија вети дека ќе преземе „контра мерки“ како реакција на пристапувањето на Стокхолм во Алијансата, што ќе зависи „од условите и опсегот на интеграцијата на Шведска во НАТО“.

Со приемот на Шведска, по Финска минатата година, сите земји со излез на Балтичкото Море, со исклучок на Русија, сега се членки на Атлантската алијанса.

Шведска и Финска, иако воено блиски со САД, историски претпочитаа да се држат настрана од НАТО, формиран за време на Студената војна против поранешниот Советски Сојуз. Иако Шведска придонесува за меѓународните мировни сили, таа не доживеала војна од конфликтот со Норвешка во 1814 година. п

Зачлени се на нашиот е-билтен