Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден ќе потпише закон за ограничување на Тикток

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави синоќа дека ќе потпише закон според кој на кинеската компанија „БајтДенс“ ќе ѝ се даде шест месеци да го изнесе капиталот од популарната мобилна апликација Тикток.

Претставничкиот дом идната недела планира да гласа нацрт-закон за ограничување на Тикток, откако во четвртокот проектот беше едногласно поддржан од комитет во домот. Во САД оваа апликација има 170 милиони корисници.

-Ако го усвојат, ќе го потпишам, изјави Бајден за законот.

Поранешниот претседател Доналд Трамп пак е против ограничувањето на социјалната мрежа. На својата социјална мрежа „Truth social“, тој напиша дека „ако се ограничи Тикток, тогаш Фејсбук ќе го дуплира својот бизнис“.

Трамп ја критикиваше Мета, затоа што за време на нередите на 6 јануари 2021 година беше отстранет од двете нејзини платформи, Фејсбук и Инстаграм. Неговите налози беа повторно вклучени лани во февруари.

Од Министерството за правда на САД истакнаа дека повлекувањето на капиталот на кинеската комапнија од Тикток ќе ја стави владата во подобра позиција отколку нејзино целосно блокирање.

Предложениот закон ѝ дава на компанијата „БајтДенс“ 165 денови да го изнесе капиталот од Тикток. Ако тоа не се случи, продавниците на „Епл“, Гугл и останатите нема да можат законски да ја нудат апликацијата за симнување или да даваат услулги за хостинг на други апликации контролирани од оваа компанија.

Американските законодавци сметаат дека оваа компанија е управувана од Комунистичата партија на Кина и преку апликацијата се врши шпионирање, крадење на податоци и пропаганда против Американците.

Зачлени се на нашиот е-билтен