Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поплави и одрони во Индонезија, 26 лица го загубија животот, најмалку 11 се водат како исчезнати

 Поплавите и свлечиштата на островот Суматра во Индонезија однесоа 26 животи, а најмалку 11 лица се водат како исчезнати, соопштија денеска службите за вонредни состојби.

„Единаесет лица се сметаат за исчезнати, а 26 загинаа“, соопшти портпаролот на Агенцијата за управување со катастрофи, Абдул Мухари.

Привремено засолниште мораа да бараат 75.000 луѓе, повеќе од 20 луѓе загинаа.

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во областа Песисир Селатан во провинцијата Западна Суматра, принудувајќи 75.000 луѓе да побараат привремено засолниште.

Во истиот округ загинаа 23 лица, додека уште шест се водат како исчезнати, соопшти шефот на локалната спасувачка служба Фајар Сукма. Уште три лица загинаа во невремето во областа Паданг Паријаман. „Бројот на жртви може да се зголеми уште повеќе“, предупреди Сукма.

Додека дождот се уште врне, метеоролошките услови и прекинот на електричната енергија ја отежнуваат работата на спасувачките служби. Тие вчера успеаја да стигнат до најтешко погодените подрачја и да им поделат помош на евакуираните, особено шатори, лекови и храна.

Во невремето оштетени се стотици куќи, но и мостови, џамии и јавни објекти. Свлечиштата се редовна појава во Индонезија за време на сезоната на дождови, а во некои области проблемот се влошува со уништувањето на шумите.

Зачлени се на нашиот е-билтен