Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Руски центар за истражување на јавното мислење: Путин на изборите би можел да освои 82 отсто од гласовите

Проценетата излезност на претстојните претседателски избори во Русија е 71 отсто, а Владимир Путин би можел да освои 82 отсто од гласовите, објави денеска Рускиот центар за истражување на јавното мислење.

Според истражувањето на Рускиот центар за истражување на јавното мислење, лидерот на Комунистичката партија, Николај Каритонов и лидерот на Новата народна партија Владислав Даванков ќе освојат по 6 отсто, додека лидерот на Либерално-демократската партија,Леонид Слуцки ќе освои 5 проценти, пренесуваат руските медиуми.

Според истражувањето на Фондацијата за истражување на јавното мислење спроведено од 4 до 6 март, Путин може да освои околу 80 отсто, Каритонов 5,7 отсто, а Слуцки 5 отсто.

Ова ќе бидат први тридневни претседателски избори во Русија, според одлуката на руската Централна изборна комисија (ЦИК).

Изборите во Русија ќе се одржат од 15 до 17 март, а за прв човек на Русија се кандидираа четворица кандидати, меѓу кои е актуелниот претседател Владимир Путин, кој се бори за петти мандат. 

Зачлени се на нашиот е-билтен