Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Австрија протера двајца руски дипломати

Австрија прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата, јавија австриски медиуми.

Портпаролката на министерот за надворешни работи Александар Шаленберг изјави дека двата дипломати „вршеле дејствија што се некомпатибилни со нивниот дипломатски статус“.

Лицата за кои станува збор мора да ја напуштат австриската територија најдоцна до 19 март. Работеле во руската амбасада во Австрија, а не во претставништвото во меѓународните организации во Виена.

Зачлени се на нашиот е-билтен