Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Данска почнува да регрутира жени за војска

 Данска планира да регрутира жени за воена служба, откри денеска данската влада, со што ќе биде една од неколкуте земји кои бараат од жените да служат во вооружените сили.

-Посилното регрутирање, вклучително и целосната родова еднаквост, мора да придонесе за решавање на одбранбените предизвици, националната мобилизација и надополнување на нашите вооружени сили, рече министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, на прес-конференција.

Жените во Данска веќе можат доброволно да се пријават за воена служба. Во 2023 година, тие сочинуваа околу една четвртина од припадници на Армијата.

Данска сега е трета земја во Европа која воведе воена служба за жени. Норвешка и Шведска го направија тоа во 2015 и 2019 година.Според официјалните податоци, данската Армија се состои од седум илјади до девет илјади професионални војници, со исклучок на регрутите кои минуваат низ основна обука.

Задолжителниот воен рок важи за мажи над 18 години. Меѓутоа, бидејќи има доволно доброволци, не се регрутираат сите млади мажи. 

Зачлени се на нашиот е-билтен