Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кина ќе одговори со неопходни мерки ако се забрани Тик Ток во САД

 Кина денеска соопшти дека ќе ги преземе „сите неопходни мерки“ откако Претставничкиот дом на САД го одобри нацрт-законот со кој се овозможува Тик Ток да биде забранет во земјата.

– САД треба да го прекинат притисокот со кој неправедно се обидуваат да ги исклучат странските компании од својот пазар, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија.

Тој предупреди дека Кина „ќе ги преземе сите неопходни мерки“ за да го одбрани својот бизнис, без да прецизира какви мерки.

И портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи ја осуди мерката преземена во име на националната безбедност на САД.

– Доколку таканаречениот изговор за национална безбедност може да се искористи за произволно исклучување на успешни компании од други земји, тогаш веќе нема правичност ниту правда, изјави портпаролот на кинеското МНР.

Претставничкиот дом на САД вчера одобри нацрт-законот со кој практично се дозволува Тик Ток да биде забранет во земјата, освен ако социјалната мрежа не се одвои од нејзиниот кинески сопственик.

Се уште не е јасно каква ќе биде судбината на предлог-законот во Сенатот, а потребно е Сенатот да го потврди за да стапи во сила. 

Зачлени се на нашиот е-билтен