Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

РИМВ: Пет проценти од младите и три отсто од возрасните имаат „долг Ковид“

Холандскиот Национален институт за јавно здравје и животна средина (РИВМ) во најновиот извештај наведува дека околу пет проценти од младите лица на возраст од 12 до 25 години и три отсто од луѓето над 25 години имаат „долг Ковид“ по инфекцијата со коронавирусот.

Еден од четири млади луѓе и еден од пет возрасни лица се соочуваат со „долг Ковид“, познат и како синдром на постковид. Тие изјавиле дека симптомите се доволно сериозни за да влијаат врз секојдневниот живот.

Во извештајот се посочува дека лицата со „долг Ковид“ често пријавуваат исцрпеност, проблеми со концентрацијата и меморијата и отежнато дишење. Околу 30 отсто од младите и 39 проценти од возрасните имаат симптоми веќе две години, а девет отсто од младите и 32 проценти од возрасните изјавиле дека три години страдаат од синдромот постковид.

Холандските општи лекари во РИВМ пријавиле дека бројот на луѓе кои доаѓаат кај нив со проблеми со меморијата и концентрацијата е „значително поголем“ отколку пред пандемијата. Во извештајот се посочува дека овој проблем е најчест кај лицата на возраст од 25-45 години, додека кај постарите се вратил на нивото од 2019 година. 

Најново