Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Абас го назначи Мохамед Мустафа за премиер

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го именуваше претседателот на Палестинскиот инвестициски фонд, Мохамед Мустафа за премиер и го задолжи да формира нова влада.

Назначувањето на Мустафа и формирањето технократска влада претставува прв политички чекор кон реформирање на палестинската управа по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година.

Арапските и западните земји се поделени околу тоа дали новиот палестински премиер ќе биде доволно независен во однос на Абас кога станува збор за спроведување внатрешни реформи.

Главната цел на новата влада е да ја стабилизира палестинската управа на Западниот брег и да ја подготви палестинската управа за нејзината потенцијална улога во управувањето со Појасот Газа по завршувањето на војната.

Зачлени се на нашиот е-билтен